ВИДЕО: Хаос во Брисел, приведени 300 демонстранти

Од:

Белгиски демонстранти кои рестриктивните мерки ги сметаат за исценирани одржаа протест во центарот на Брисел.

Локалните медиуми пренесуваат дека полицијата уапсила околу 300 демонстранти кои сакале да се приклучат на неодобрениот собир.

Бриселската полиција преку Твитер неколку пати ги повика луѓето да не се собираат, а подоцна ги растури демонстрациите, кои завршија без насилство.

Властите претходно предупредија дека нередите во Холандија од пред неколку денови може да се прошират и во соседна Белгија.

Белгиските рестриктивни мерки вклучуваат и полициски час од 21 часот, забрана за неважни патувања. Земјата е трета по стапката на смртност во светот.

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски

Теис: Ако не нападнат, ќе се браниме со камења

Горан Наумовски