Две појави со црвенкаста боја и овален облик се поајвија на мапата на програмата „Гугл стрит вју“ во областите Тексас и Ново Мексико.
Фотографиите на неидентификувани летечки објекти (НЛО) претставуваат вистинска енигма за Американците, со оглед дека никој со сигурност не може да каже за што станува збор.
Ако со помош на „Гулг стрит вју“ се пребарува локацијата Џеклонвил и Акома Пуебло во Ново Мексико, можат да се видат фотографии на два речиси идентични НЛО.
Додека едни сметаат дека се работи за вселенски брод, други тврдат дека воопшто не се работи за летечки објект туку за рефлексија од Сонцето.