ВИДЕО: Гореше градското собрание во Бордо, продолжуваат жестоките протести против пензиската реформа

Од:

Градското собрание во францускиот град Бордо синоќа беше запалено од демонстрантите кои девети ден масовно протестираа поради воведувањето на пензиската реформа.

По целодневните протести, демонстрантите го запалиле влезот на градското собрание во Бордо.

Пожарот, за чие предизвикување засега не се знае кој е одговорен, бил брзо изгаснат од пожарникарите.

Според извештаите на француското Министерство за внатрешни работи, на вчерашните протести ширум земјата излегле над еден милион луѓе, од кои 119 000 во Париз. Полицијата употребила солзавец кон демонстрантите во главниот град, а 80 лица биле уапсени низ целата земја.

Синдикатите повикаа на масовни протести следниот вторник, што ќе се совпадне со државната посета на британскиот монарх Чарлс Трети на Франција.

Немирите во Франција уследија откако француската влада ја искористи својата специјалната уставна моќ за да го усвои законот за пензиска реформа без гласање во парламентот.

Законското решение предвидува зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.

За францускиот претседател Емануел Макрон, ваквата реформа е неопходна.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски

Туристички авион се урна по полетувањето од аеродромот во Лион, при што две лица се повредени

Горан Наумовски