ВИДЕО: „Горат“ улиците на Рио де Жанеиро, 25 мртви во борби меѓу полицијата и бандите

Од:

25 луѓе загинале денеска во вооружен напад и престрелка меѓу криминални банди и полицијата во фавелата Жакарезињо во бразилската метропола Рио де Жанеиро, јавија локалните медиуми.

Полицијата интервенирала кога добила дојава дека бандите врбуваат деца за продажба на дрога, а во судирот на една метро-станица биле погодени двајца патници во воз, но тие се надвор од животна опасност.

Меѓу ранетите се тројца полицајци, од кои еден им подлегнал на повредите.

Од рано утрото, со часови постојано се слушало пукање во сиромашната населба во северниот дел на Рио, а локалните жители не смееле да ги напуштат своите домови. Осомничените се обиделе да избегаат преку покриви, кога полицијата со оклопни возила влегла во сиромашниот дел на Рио и над нив летале хеликоптери.

Ова е досега најсмртоносната полициска акција против бандите кои се занимаваат со продажба на дрога, но и доминираат со животот во бројните фавели, најсиромашните населби во бразилскиот велеград.

Меѓу загинатите во акцијата се неколкумина водачи на криминалната група, а уште десетмина осомничени членови се приведени, соопшти полицијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата