(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Од:

Најмалку 11 лица се водат како исчезнати во поплавите што ја зафатија југоисточната кинеска провинција Гуангдонг поради обилните врнежи во претходните денови.

Поплавите раселија повеќе од 50.000 луѓе, соопшти Одделот за управување со вонредни состојби во Гуангдонг, објави Чајна дејли. Невремето најмногу ги погоди градовите Шаогуан, Гуангжу, Хејуан, Жаокинг, Меиџоу и Хуиџоу.

Спасувачките служби добија помош од кинеската армија, која помага во расчистувањето на патиштата, јавува Ројтерс. Кинеската влада вчера го одобри спроведувањето на плановите за вонредни состојби поради заканата од поплави во провинцијата Гуангдонг, кои им се закануваат на 127 милиони жители.

Метеоролозите вчера објавија дека нивото на водата во одредени делови од реките во таа покраина достигна ниво што се случува само еднаш во 50 години.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

(ВИДЕО) Поплави го погодија југоисточниот дел на САД, загинаа најмалку девет лица

САД: Издадени предупредувања за ледена бура, Калифорнија се подготвува за поплави

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина