(ВИДЕО) Големи поплави во дел од ЕУ, се евакуира населението, се зголемува бројот на загинати

Од:

Најмалку пет лица загинаа во страшните поплави кои синоќа ги погодија Франција, Швајцарија, како и делови од Германија, Италија и Шпанија. Три лица во Франција загинаа во саботата вечерта кога дрво падна врз возило поради силниот ветер, соопштија властите. Уште еден патник е во критична состојба.

Во соседна Швајцарија, спасувачките тимови пронајдоа две тела во областа Фонтана, северозападно од Тесин, се вели во соопштението на кантоналната полиција. Локалниот весник „Ла Регион“ објави дека жртвите се двајца швајцарски туристи.

Од саботата попладне неколку делови на Швајцарија се погодени од невреме со грмотевици и обилни врнежи. Жителите на Прато-Сорник и долината Магија во Тесин биле повикани во неделата наутро да ги евакуираат своите куќи во близина на реката Магија. Во градот Монџо 70 луѓе се евакуирани од одморалиштето. Според кантоналната полиција, морале да се напуштат и камповите покрај реката. Поплавата блокирала неколку патишта, а водата однела мостови.

Покрај тоа, неколку долини во близина на долината Магија повеќе не беа достапни, а некои области беа исклучени од снабдувањето со електрична енергија. Акцијата за спасување во долината била отежната поради лошите временски услови, соопшти претходно полицијата.

Армијата распореди неколку хеликоптери во Тесин и во погодениот кантон Вале во југозападна Швајцарија. Според швајцарската служба за предупредување при катастрофи Alertswiss, делови од Тесин останале без вода за пиење.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

(ВИДЕО) Поплави го погодија југоисточниот дел на САД, загинаа најмалку девет лица

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

САД: Издадени предупредувања за ледена бура, Калифорнија се подготвува за поплави

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика