ВИДЕО: Големи поплави во Бразил, рекордни нивоа на реките

Од:

По обилните дождови во последните неколку дена реките околу бразилската метропола на Амазон, Манаус, денеска достигнаа рекордни нивоа и предизвикаа поплави.

Реката Рио Негро, која се влева во Амазон во близина на Манаус, го забележа највисокиот водостој од 1902 година – 29,98 метри, соопшти вчера мрежата Г1.

Во големата поплава во 2012 година оваа река се искачи на водостој од 29,97 метри. Нивото означено како „сериозна поплава“ е 29 метри, а нивото на водата овој пат се очекува да надмине 30 метри.

Во Манаус од поплавите се погодени повеќе од 24.000 семејства и 15 области, а многу семејства мораа да ги напуштат своите домови, наведува мрежата Г1.

Во најтешко погодените области изградени се повеќе од 9.000 метри дрвени мостови, попознати како маримба.

Делови од пристанишната област и историскиот центар на Манаус се под вода. Водата е навлезена и во продавниците, а го поплавила и главниот пазар. На некои жители кои останаа во своите домови рибите им допливаа во кујните, јави Г1.

Поплавите ја погодија речиси целата држава Амазонија, каде се зафатени речиси 60 од 62 општини, а 450.000 лица се погодени од природната катастрофа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата