ВИДЕО: Големи нереди во САД, се палат објекти, се ограбуваат супермаркети, народот ја бара правдата за Флојд

Од:

Протестите од страна на револтираните граѓани прераснаа во вистински нереди.

Безбедноста во САД не е повеќе иста како пред трагичниот настан, во кој полициски службеник од Минесота усмрти жител на градот Минеаполис.

Смртта настапи како резултат на приклештувањето со нога на вратот на Флојд од страна на полицискиот службеник против кој е почната истрага од страна на Министерството за правда и ФБИ по барање на американскиот претседател, Доналд Трамп.

Од САД се појавија шокантни видеа во кои може да се види дека ситуацијата таму многу бргу ескалирала.

Маса луѓе запалија неколку објекти, влегоа во физичка пресметка со полицијата, но ограбија и неколку супермаркети, меѓу кој и познатиот „Таргет“.

Демонстрантите велат дека сè додека правдата не биде задоволена, тие нема да престанат да го искажуваат својот револт на улиците во државата.

Полицискиот службеник Дерек Шовин, кој го усмрти Афроамериканецот, работел во одделот уште од 2001 година.

За време на својата кариера, тој бил предмет на десетина полициски поплаки од страна на граѓани, но тој досега никогаш не бил казнет, покажуваат записите.

Демонстрантите бараат најстрога казна за сторителот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски