(ВИДЕО) Голема воена парада на Црвениот плоштад во Москва

Од:

На Црвениот плоштад во Москва почна воена парада по повод Денот на победата над нацистичка Германија во Втората светска војна, а рускиот претседател Владимир Путин по 21 пат ќе направи преглед како врховен командант на армијата. На свечената парада во Москва ќе присуствуваат претседателите на Белорусија, Казахстан, Таџикистан, Туркменистан, Куба, Лаос и Гвинеја Бисао.

Во некои делови од земјата веќе се одржаа воени паради по повод Денот на победата – 9 мај.

Воени паради се одржаа во Владивосток, Новосибирск, Хабаровск, Улан-Уде, Чита, Јужно-Сахалинск.

Како што беше претходно најавено, на Парадата на победата во Москва годинава ќе учествуваат повеќе од 9.000 луѓе и повеќе од 70 видови опрема, како и две аеробатски групи на руските воздухопловни сили – „Руски витези“ и „Стрижи“.

Во Русија, секоја година на 9 мај, по повод Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна, во повеќе градови се одржуваат победнички паради, а централната е на Црвениот плоштад во Москва.

Тогашниот Советски Сојуз изгуби околу 27 милиони луѓе во Втората светска војна, од кои 14 милиони цивили.

Би можело да ве интересира

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина

Москва: САД се главниот пандан на Русија

(ВИДЕО) Пожар во зграда во Москва, заробени се околу стотина луѓе

Москва остро реагираше за најавената американска помош на Украина

Москва: Планот на Трамп за Украина не треба сериозно да се земе во предвид

(ВИДЕО) Основач на платенички баталјон кој убиваше Украинци е убиен во експлозија во Москва

Горан Наумовски