ВИДЕО: Голема евакуација на населението во регионите погодени од полави во Русија

Од:

Бројот на луѓе евакуирани поради поплавите во руската област Оренбург порасна на 7.700, објави денеска државната новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на локалната власт.

Повеќе од 300 домови беа поплавени во рускиот град Оренбург откако реката Урал се издигна половина метар над критичната точка, соопштија властите, бидејќи брзото топење на снегот од планините ги предизвика најголемите поплави во последните децении.

Преплавени се делови од планините Урал, западен Сибир и областите на Казахстан блиску до реките како што се Урал и Тобол, што предизвика наредба да се евакуираат повеќе од 100.000 луѓе.

Властите рекоа дека ситуацијата е опасна во Оренбург, каде нивото на водата во реката Урал, трета по должина во Европа, се зголеми за 50 сантиметри утринава, само неколку часа откако го достигна критичното ниво од 9,3 метри доцна синоќа.

Хидролозите велат дека најлошто допрва доаѓа за Оренбург, град со околу 550.000 жители. Водите на реката Урал, која тече низ Русија и Казахстан во Каспиското Море, до четврток може да се подигнат за дополнителни 70 см.

Локалните власти соопштија дека го затвориле сообраќајот на неколку патишта во регионот за брзо да достават земја за зајакнување на браната, бидејќи прогнозата за поплави се влоши и нивото на водата во реката Тобол брзо се зголеми за 23 сантиметри.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов