ВИДЕО: Голема експлозија по напад со дрон во Тел Авив, една жртва и 10 се повредени

Од:

Голема експлозија одекна во центарот на Тел Авив околу 3:10 часот утринава, откако напад на беспилотно летало испушти шрапнели и повреди најмалку 10 лица, соопштија израелските власти.

Израелската војска соопшти дека ја проверува експлозијата и ги зголемува воздушните патроли по инцидентот, за кој нејзината првична истрага утврди дека бил предизвикан од „воздушна цел“, објави АП. Не е јасно како дронот ја избегнал израелската воздушна одбрана. Окружниот командант на Тел Авив, Перец Амар, рече дека полицајците не биле во можност да ја лоцираат точката на контакт, што сугерира дека експлозијата се случила во воздух.

Градоначалникот на Тел Авив, Рон Хулдаи, на X напиша дека станува збор за напад со беспилотно летало, иако војската сè уште не ја прецизирала природата на нападот. Јеменските Хути постојано лансираа беспилотни летала и проектили кон Израел за време на деветмесечната војна за поддршка на Хамас.

До денес, нападите беа пресретнати или од Израел или од западните сојузници со сили стационирани во регионот.

Израел поседува повеќеслоен систем за противвоздушна одбрана, способен да пресретнува закани кои се движат од балистички ракети со долг дострел до беспилотни летала и ракети со краток дострел.

Овие различни системи пресретнаа илјадници проектили за време на војната.

Би можело да ве интересира

Најмалку 42 лица загинаа во израелските напади врз Газа во последните 24 часа

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел