ВИДЕО: Голема акција во Германија, полицијата влегува во џамии

Од:

Германската полиција денеска изврши огромна рација против неколку исламистички здруженија ширум земјата. Во центарот беше градот Хамбург.

Потврдено е дека тие извршиле неколку рации во седум од нивните региони. Стотици полицајци упаднаа во повеќе од 50 згради низ Германија, вклучувајќи ја и Сината џамија во Хамбург.

Билд пишува дека тоа е „најопасната џамија“ во Германија, чие спонзорско здружение, Исламскиот центар Хамбург, се смета за директен огранок на иранскиот режим.

„Во време кога многу Евреи се чувствуваат особено загрозени, Германија нема да толерира ниту исламистичка пропаганда ниту непријателско антисемитско поттикнување против Израел“, рече Ненси Фезер, германска министерка за внатрешни работи.

Таа додаде дека полициските рации биле насочени кон Исламскиот центар во Хамбург и пет поврзани групи.

Покрај просториите во Хамбург, претресени се и просториите на други исламистички здруженија во Берлин, Хесен, Северна Рајна-Вестфалија, Баден-Виртемберг, Долна Саксонија и Баварија. Станува збор за вкупно 54 објекти.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 160 медицински работници од Газа остануваат во израелските затвори

Мерц: Сакам коалиција со СПД, ќе почнеме преговори во следните неколку дена

Горан Наумовски

ВИДЕО: Победникот на изборите во Германија најавува тектонска промена во односите меѓу Европа и Америка

Ден по историските избори во Германија, ЦДУ може да формира влада со СПД

Катерина Ѓуровски

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он