Голем пожар избувна на камионска постојка утрово околу 4:30 часот во Хамбург. Полицијата ги предупреди жителите дека во правец на градот се движи силен чад, а на местото на пожарот наводно истекува водород сулфид.
Целата станица досега изгоре, јавуваат германските медиуми. Пожарникарите на местото на пожарот можат да пристапат само со маски, а во околината се уште одекнуваат детонации.
Big fire near Rothenburgsort Hamburg Germany pic.twitter.com/UnhC4QDVCs
— h (@hcarthyc_) April 9, 2023
Пожарникарите испратија официјална порака до граѓаните во населбата Ротенбургсорт да ги затворат прозорците и вратите бидејќи може да бидат погодени од димни гасови и хемиски соединенија во воздухот.
Затворен е и патот во околината на градот во двата правци за да можат пожарникарите да бидат поефикасни во гаснењето на пожарот, а се воспоставени и алтернативни правци.
Пожарникарите ги предупредија жителите да ја избегнуваат областа зафатена од пожарот.
„Ќе ве известиме кога ќе помине опасноста. Следете ги упатствата на службите за итни случаи. Ве молиме известете ги и вашите соседи, особено оние на кои можеби ќе им треба помош поради инвалидитет, јазични бариери или намалена подвижност“, велат тие.