ВИДЕО: Главната болница во Газа е полна со деца со болки поради изгладнетост

Од:

9000 илјади деца биле третирани во болниците во Газа поради неухранетост. На децата им се познаваат ребрата, стомаците им се отечени. Агенцијата за деца на Обеднитетите нации ја објави оваа бројка и најави дека вакви пациенти ќе има уште со оглед на критичната ситуација во енклавата во која во екстремно тешки услови живат два милиони жители.

Израел 11 недели ја блокираше помошта за Газа, пред два дена беа пуштени стотина камиони, но според агенциите, многу малку од оваа помош стигнува кај гладните жители.

Израелската војска изведува голема операција на територијата на Газа и покрај жестоките апели на меѓународната заедница да прекине голготата на жителите на Газа особено на децата кои страдаат од глад.

Претседателот на Израел Бенјамин Нетанјаху рече дека операцијата ќе прдолжи се додека целата територија не биде под нивна контрола и додека не се уништат сите келии на Хамас.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Снимка која ги побива тврдењата на Трамп: Дали сепак САД се одговорни за смртта на учениците во Иран?

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Прати му го ова на Трамп: Иранците на улица го прославуваат изборот на Моџтаба Хаменеи

Кина ги предупредува САД и Израел: „Не го допирајте новиот лидер на Иран“

Израел: Ги погодивме авионите Ф-14 што Иран ги купи од Америка

Наини: Спремни сме за најмалку шестмесечна војна против САД и Израел

Нападнат е хотел во Бејрут, има загинати и ранети