(ВИДЕО) Гинис: Јапонка од 116 години најстара во светот

Од:

Гинисовата книга на рекорди денеска официјално ја прогласи Јапонката Кане Танака, 116 години, за најстариот човек на светот.

Таа е прогласена на церемонија во старечкиот дом каде што живее во градот Фукуоки, во присуство на семејството и градоначалникот.

Танака е родена на 2 јануари 1903, како седмо од осум деца. Се омажила за Хидео Танаку во 1922 година со кого има четири деца и едно посвоено.

Како што пренесуваат медиумите, таа станува во 6 часот, се занимава со математика и со играта „Отело“.

Пред неа, најстарата личност на светот, исто така, беше Јапонка, Чијо Мијако, 117 години, која почина во јули минатата година.

Јапонците се познати по долговечноста и доминираат на списокот на најстари лица во светот.

Во Јапонија традиционално годините се почитуваат, така што луѓето остануваат активни и со чувство дека се корисни и во 80-тата година од животот.

Според Гинис, досега најстарата личност во светот беше Французинката Жана Луиз Калмен, која живееше 122 години.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија