Интензивни и широко распространети немири се случуваат низ Франција, откако 17-годишно момче беше убиено бидејќи не го запре автомобилот на полициска блокада.
вчера имало грабежи, подметнати пожари, а уапсени се дури 875 лица.
Франција ја чека четврти ден протести и се очекуваат нови немири.
Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин побара од регионалните префекти да ги запрат сите автобуски и трамвајски линии од 21:00 часот, пренесува АФП. Тоа значи дека автобускиот и трамвајскиот сообраќај ќе биде во прекин по 21 часот низ целата држава.
Вечерашните и утрешните концерти на француската кантавторка Милен Фармер на Стад де Франс се откажани, објавија француските медиуми, додавајќи дека организаторите тешко ја донеле одлуката.
Стадионот може да прими повеќе од 80.000 гледачи и е најголемиот стадион во Франција.
Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин побара да се забрани продажбата на огномети, лименки со бензин и запаливи и хемиски производи, пренесува АФП.
Тој го испрати тоа барање до регионалните лидери кои се задолжени за безбедноста низ целата земја.