(ВИДЕО) Француската полиција брутално се справува со демонстрантите

Од:

По повод усвојувањето на спорниот закон за пензии, во Франција се уште не стивнуваат протестите.

Вечерва почнаа собири и штрајкови, а за четврток се планирани големи настани.

Само вечерва во Париз повторно беа уапсени околу 70 демонстранти, а полицијата безмилосно ги растури протестите спречувајќи ја толпата да се групира и направи барикади и блокади.

На видеата кои се споделуваат на социјалните мрежи може да се види како полицијата брза и интервенира со брутална сила.

Француската влада денеска го преживеа гласањето за недоверба на собранието, со тесно мнозинство од само девет гласа.

Пензиската реформа што ги налути француските граѓани предвидува зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, како и најмалку 43 години работа за да се квалификуваат за целосна пензија.

Би можело да ве интересира

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна