(ВИДЕО) Франција: Полицијата со водени топови растера активисти кои блокираа складиште со нафта

Од:

Француската полиција употреби водени топови за да ги растера активистите кои блокираа складиште за нафта на северозападот од земјата, бидејќи бензинските пумпи остануваат без бензин, а синдикатите го интензивираат штрајкот во остар протест против реформата на трудот и новиот закон за труд, објавија агенциите.

Демонстрантите, меѓу другото, се противат на продолжувањето на работната недела, која во Франција моментално изнесува 35 часа. Повеќето бензински пумпи во областа немаат гориво, што ги принудува возачите да преминат во Белгија. Најмалку шест од осумте рафинерии во Франција моментално се или затворени или работат со намален капацитет, а сообраќајот е дополнително отежнат од штрајкот на железниците што предизвика хаос кај патниците.

Би можело да ве интересира

Тардиф: Мора да бидеме подготвени за руски шокантен напад врз НАТО

Трамп бесен на Франција и Италија: Ќе го запаметиме ова

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Мандон: САД станаа непредвидлив сојузник

Франција e погодена од силен земјотрес

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз