Американската телевизија „Фокс њуз” ја нарече шведската активистка Грета Тунберг „ментално болно шведско дете” додека водителка на телевизијата ја спореди со лик од хорор филмот „Деца од пченката”.
Во својата емисија синоќа на „Фокс њуз” Лора Инграм ја нападна Тунберг, споредувајќи ја малолетната девојка со протагонистите од филмуваната хорор приказна на Стивен Кинг во која деца на христијански фундаменталисти ги убиваат сите возрасни во сектата.
-Дали вас ова не ви предизвикува морници, запраша Инграм покажувајќи сцена од филмот. Таа порача авторот „следното продолжение на филмот да го нарече Деца од климата”.
Тунберг синоќа настапи на климатскиот самит во ОН со говор обвинувајќи ги лидерите на развиените земји за пасивност во однос на справување со последиците од климатските промени.