ВИДЕО: Финска влезе во НАТО

Од:

Финска стана 31-ва членка на НАТО, а знамето на земјата беше кренато прд седиштето на алијансата.

Финскиот министер за надворешни работи го потпиша пристапниот документ и му го предаде на американскиот државен секретар Антони Блинкен.

Пристапувањето на Финска е проблем за рускиот претседател Владимир Путин, кој постојано се жалеше на проширување на НАТО пред сеопфатната инвазија на Украина.

Должината на руската граница со земјите-членки на НАТО сега е двојно зголемена. Финска дели 1.340 километри источна граница со Русија и официјално аплицираше за членство во НАТО со Шведска минатиот мај поради руската војна во Украина.

И Финска и Шведска претходно водеа политика на неврзување, но по руската инвазија на Украина решија да се приклучат на НАТО, кој нуди заштита на своите членки преку членот 5, во кој се вели дека нападот врз една членка е напад на сите.

Тоа значи дека во случај на напад на Финска, сите членки на НАТО би и пришле на помош на земјата. Руската инвазија предизвика финското јавно мислење за влез во НАТО да се зголеми на 80%.

„Ова ќе ја направи Финска побезбедна, а НАТО посилен“, изјави денеска за новинарите генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Претседателот Путин ја имаше наведената цел на инвазијата да добие помалку НАТО по неговите граници и да спречи понатамошно проширување на НАТО во Европа, а тој го добива токму спротивното.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен рече дека е „во искушение да каже дека ова можеби е единственото нешто за што можеме да му се заблагодариме на Путин“.

„Затоа што тој повторно предизвика тука нешто што тој тврди дека сака да го спречи со руска агресија“, додаде тој.

Москва веќе соопшти дека ќе ги засили воените дивизии стационирани на запад и северозапад од земјата. Кремљ вети дека ќе преземе „контрамерки“ откако Финска ќе влезе во НАТО, нарекувајќи го проширувањето на западната алијанса „безбедносен напад“ врз Русија.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно денеска предупреди дека Русија „внимателно ќе следи што се случува во Финска“, опишувајќи го проширувањето на НАТО како „прекршување на безбедноста и националните интереси на Русија“.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Иднината на регионот е во борбата за посилна економија, соработка и создавање на иднина

Муцунски: Како кредибилна НАТО членка остануваме посветени на зајакнувањето на колективната безбедност

(ВИДЕО) Ердоган: Нема соработка на НАТО со Израел додека нема мир во Палестина

Кина: Самитот на НАТО е полн со воинствена реторика, провокации и лаги

Мицкоски од Вашингтон: Иднината на регионот е економската соработка и инвестициите

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Клучен самит на НАТО, Бајден порача дека Русија нема да победи

Катерина Ѓуровски