(ВИДЕО) Фатена ајкулата што го уби Владимир, таткото очаен: „Само слушнав – тато спаси ме…“

Од:

На видеото снимено од потресени набљудувачи се слуша плачот на Владимир: „Тато, тато, спаси ме!“

Младиот Русин Владимир Попов (23) пред неколку месеци се преселил со својот татко во египетското летувалиште Хургада, веројатно за да избегне регрутирање во војната во Украина. Во тоа време веројатно немал поим каква страшна судбина ќе го снајде. Тој настрада во четвртокот во напад на тигреста ајкула, а на овој трагичен настан присуствувал и неговиот татко.

„Отидовме на плажа да се опуштиме. Син ми го нападна ајкула. ​​Се се случи за неколку секунди“, изјави Јуриј Попов, таткото на жртвата.


Медиумите прво објавија дека девојката на Владимир успеала да побегне од морето откако ѕверот го нападнал Владимир, но неговиот татко вели дека тоа не е вистина. Според него, таму каде што бил Владимир, немало кој да му помогне.

„Како некој можеше да му помогне? Таа мелница за месо нападна за 20 секунди. Го повлече син ми под вода”, рекол несреќниот татко.

Тој додава дека немилиот инцидент во кој загина неговиот син бил „зла судбина“ затоа што, како што наведува, плажата на која се наоѓале се сметала за безбедна. Досега напади се случија само на диви плажи.

Јуриј планира да ги кремира пронајдените останки на неговиот син и да ја однесе неговата пепел во нивната родна Русија.

Нападот се случил на плажата во Хургада. Како што се приближуваше ајкулата, некој почна да вика: „Пливај, пливај! Брзо! Ајкула“. На видеото снимено од згрозени набљудувачи се слуша плачот на Владимир: „Тато, тато, спаси ме!“.

Еден од набљудувачите од плажата рекол дека за прв пат со свои очи видел како ајкула убила некого.

Таа ајкула е фатена по нападот. На видеото кое подоцна беше објавено може да се види како убиеното животно се влече на брегот.

Египетските власти потврдија дека телото на ајкулата е предадено на истражување со цел да се откријат причините за нејзиното однесување и да се утврди дали е истата што нападнала во „неколку претходни несреќи“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Морски лав распарки ајкула: Неверојатна снимка од судир на предаторите, посетителите на плажата згрозени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Во Црна Гора забележана е ајкула: кружеше околу брод

Предраг Петровиќ

Ајкула нападна жена на плажата Рокавеј во Њујорк: Тешко повредена

(ВИДЕО) Ајкула напаѓа чамец: Осум пати се залетува кон пловилото и удира во моторот

ВИДЕО: Паника во Шпанија-перки се појавија во водата, сите почнаа да бегаат

Уште еден напад на ајкула: Жена нуркаше, а потоа се спаси од пеколот, морето за секунда стана црвено