ВИДЕО: Во Црна Гора забележана е ајкула: кружеше околу брод

Од:

Во близина на Луштица во Црна Гора забележана е ајкула на околу 10 километри оддалеченост од брегот. Фотографијата од ајкулата е објавена на страницата на Инстаграм „Подгорички времеплов“, заедно со која стои:

„Снимено на околу 10 километри од брегот, во близина на полуостровот Луштица. Примерок на мако ајкула долга околу два метри, заштитен вид“, се наведува во описот на видеото.

Еден од рибарите опишал и како настанало ова видео.

„Во моментот кога се појави, на прачката имавме туна од околу 50 килограми, која не можевме да ја извадиме на површина поради слабата опрема. Но, интересно е што ја извлекуававме додека госпоѓицата (ајкула) кружеше околу бродот.Инаку, причината поради која се приближи беше додатокот на сардина чиј мирис ја привлече“, се наведува во објавата.

Тие предупредија дека мако ајкулите не се приближуваат до брегот, и дека нема потреба од паника.

Би можело да ве интересира

Тинејџер бил каснат од ајкула додека вежбал за време на тренинг камп за спасители на Флорида

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Девојка во борба со ајкула, ја зграпчи, па доби удар во глава

Голема ајкула тешка 200 килограми е уловена во Будва

Горан Наумовски

Една од најопасните ајкули во светот е уловена во близина на Неум

ВИДЕО: Патник фрли камера во морето, глетката ги запрепасти луѓето

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Изгуби рамнотежа и падна од даската директно врз ајкулата

Предраг Петровиќ