ВИДЕО: Европа уште се бори со поплавите, најмалку 17 мртви

Од:

Жителите на неколку полски и чешки региони беа евакуирани во последните денови, а други во централна Европа почнаа да ги расчистуваат своите населби по најголемите поплави во повеќе од две децении, кои зад себе оставија пустош и се повеќе мртви.

Пограничните области меѓу Чешка и Полска викендов беа силно погодени од екстремно обилни дождови кои предизвикаа поројни поплави кои однесоа некои мостови, принудувајќи ги жителите да се евакуираат и оштетија автомобили и куќи.

Најмалку 17 лица загинаа во поплавите од Романија до Полска во последните неколку дена.

Седум села во Тулнерфелд беа евакуирани поради поплавите во Долна Австрија во понеделникот и во текот на ноќта во вторникот. Црвениот крст постави привремено сместување во саемскиот центар во Тулн, со капацитет до 1.000 луѓе. Утрово, според Соња Келнер од Црвениот крст, таму имало 325 лица, додека во текот на ноќта околу 450.

Оваа институција ќе остане во функција се додека е потребно, потврди Келнер.

Јужна Полска продолжува да се бори со разорните поплави. Ситуацијата е критична во Нисе, во областа Ополе. Поради опасност од пукање на насип градоначалникот ги повика жителите веднаш да се евакуираат. На интернет се појавуваат фотографии и видеа од акцијата за крпење на насипот.

Според локалните служби, во текот на ноќта од понеделник кон вторник, 76 хидрометеоролошки станици, главно во југозападниот дел на Полска, ги надминале нивоата на тревога, додека дополнителни 40 ги надминале нивоата на предупредување.

Би можело да ве интересира

Нема опасност за населението по излевањето на Маркова Река, евидентирана е само материјална штета

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Маркова Река се излеа во село Батинци, нема потреба од евакуација

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани

3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, но сумата допрва ќе расте