ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Од:

Ииндонезија го затвори својот регионален аеродром и евакуираше стотици луѓе од областа околу вулканот Руанг бидејќи со денови исфрла облаци од лава, камења и пепел, соопштија денеска локалните власти. Властите прогласија највисок степен на подготвеност поради ерупцијата на вулканот.

Вулканот, кој се наоѓа на островот Руанг, на околу 100 километри од главниот град на провинцијата Манадо, еруптираше неколку пати од вторникот. На видеото кое се појави на социјалните мрежи може да се види дека Руанг вчера фрлил вжештена лава дури три километри во воздух, пишува Ројтерс.

Властите досега евакуираа повеќе од 800 луѓе и дополнително ја проширија зоната на евакуација. Индонезискиот центар за вулканологија и ублажување на геолошките опасности (ПВМБГ) предупредува дека постои голема веројатност за понатамошни ерупции.

Агенцијата добила и извештаи дека камењата и пепелта оштетиле куќи и дека блиската болница морала да ги евакуира персоналот и пациентите. Сообраќајните власти го затворија аеродромот во главниот град на провинцијата Манадо. Нискобуџетната авиокомпанија Ер Азија ги откажа летовите од девет аеродроми во Источна Малезија и Брунеи, откако воздухопловните власти предупредија на безбедносна закана.

Индонезија огради област од околу шест километри околу вулканот. „Мораме веднаш да евакуираме околу 1.500 луѓе во областите со висок ризик“, рече Абдул Мухари, портпарол на агенцијата за ублажување на катастрофи.

Ерупцијата Руанг беше предизвикана од неодамнешните земјотреси на островот. Индонезија се наоѓа на таканаречениот Пацифички огнен прстен, област со висока сеизмичка активност која се наоѓа над повеќе тектонски плочи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени

Индонезија: Еруптираше вулканот Марапи, автомобилите и патиштата прекриени со пепел

Горан Наумовски