ВИДЕО: Ерупцијата го опустоши островот Ла Палма, евакуирани 6.000 лица

Од:

Вулканска ерупција во Ла Палма, на Канарските Острови, уништи 300 куќи, училиште, како и земјоделско земјиште, што предизвика голема штета на економијата на островот.

Вулканската лава изолирала околу 400 хектари земјиште на кое годишно се произведуваа 20 милиони килограми банани, односно 20 проценти од вкупното производство на банани.

Најпогодени се општините Ел Пасо и Лос Ланос де Аридан.

Според податоците на вулканскиот институт на Канарските острови, ерупцијата на вулканот зафатила 153 хектари земјиште во Ла Палма.

Весникот „Ел паис“ пренесува дека освен материјална штета, постои голема опасност за животната средина, пред се поради отровните гасови, но и од свлечишта, одрони и цунами.

По состанокот меѓу шпанскиот премиер Педро Санчез, регионалниот премиер Ангел Виктор Торес и претседателот на Советот на островот Маријано Ернандез Запата, вчера попладне тие го повикаа локалното население да преземе мерки на претпазливост и да го избегнуваат користењето патишта.

Досега се евакуирани повеќе од 6.000 жители, од кои многумина ги загубија своите домови.

Лавата, исто така, уништи меѓу 300 и 400 фарми, особено оние каде што се одгледуваат банани, а покрај луѓето, евакуирани се и животни.

Би можело да ве интересира

Лавата по ерупцијата на вулкан на Исланд стигна до источната одбрана на Гриндавик

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нова вулканска ерупција на Исланд

Катерина Ѓуровски

Еруптираше вулкан во Јапонија: Граѓаните добија итно предупредување

Горан Наумовски

ВИДЕО: Еруптираше Етна, пепел и лава на Сицилија

Вулканската ерупција може да го уништи градот Гриндавик во близина на Рејкјавик

Сицилија: Затворен аеродромот во Катанија поради ерупција на Етна

Горан Наумовски