ВИДЕО: Експлозија во тунел, има мртви, луѓето се заробени

Од:

Најмалку две лица загинаа, а многу други се заробени по несреќа во тунел што доведе до експлозија во градот Грин Ривер, Вајоминг.

Неколку возила, меѓу кои трактор и камион, учествувале во верижен судир, по што дошло до експлозија која траела околу 30 минути, пишува британски „Мирор“.

Според соопштението на властите, тунелот може да се урне во секој момент, поради што спасувачките екипи ќе имаат потешкотии да пристапат до местото на несреќата.

Началникот на полицијата на округот Свитвотер, Џејсон Мауер, изјави дека во моментов се преземаат сите заштитни мерки на местото на несреќата, но дека поради опасните услови и структурните оштетувања во тунелот, не е можно понатамошно дејствување.

Засега се потврдени две жртви, а најмалку седум лица се повредени и пренесени во болница. Геолозите и инженерите во моментов ја проценуваат инфраструктурата на тунелот.

Несреќата се случила околу пладне по локално време, а пожарот предизвикал голема материјална штета.

Би можело да ве интересира

Аракчи: Нападите на САД и Израел врз нуклеарните постројки би можеле да го изложат регионот на зрачење

Абдулахи до Трамп: Портите на пеколот ги чекаат агресорите

„Епски бес“ без излез: Дали САД влегуваат во нов Виетнам?

Документирани загуби на американските воздухопловни сили

Иран тврди: „Соборивме американски Ц-130, соборивме и хеликоптери“

Золфагари: Иран собори уште еден американски „Херкулес“