ВИДЕО: Експлозија во преполна џамија во Кандахар, десетици мртви и ранети

Од:

Најмалку 32 верници загинаа во силната експлозија во шиитската џамија во авганистанскиот град Кандахар, за време на петочната молитва, 53 лица се тешко повредени.

Бројот на жртви постојано расте.

Иако се уште никој не ја презеде одговорноста за нападот, се претпоставува дека се работи за бомбаш-самоубиец.

Лекар од локалната болница изјави дека во моментов се примаат многу пациенти, од кои повеќето се во многу сериозна состојба.

Пред точно седум дена речиси идентична експлозија имаше и во џамија во провинцијата Кадуз, каде најмалку 100 лица загинаа, а за која се уште никој не ја презеде одговорноста.

Светските медиуми, вклучувајќи ги и Би-Би-Си и АФП, јавија дека ова е војна што ИД ја води против талибанците.

Иако членовите на милитантната група често истакнуваат дека ИД била „истребена“ од Авганистан и дека сите нејзини членови ја напуштиле земјата минатиот месец, познавачите на ситуацијата се убедени дека лидерите на ИД користат бомбаши самоубијци за да предизвикаат што поголема штета и да ги поразат талибанците.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Експлозија во тунел, има мртви, луѓето се заробени

Нападната база во Кабул: Има мртви

Експлозија во семеен дом во Скопје, малолетник со изгореници завршиле во болница

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски