(ВИДЕО) Експлозија на мостот „Виножито“ кај Нијагарините водопади, има загинати и повредени

Од:

Експлозија која се случи на мостот „Виножито“ кај Нијагарините водопади предизвика хаос долж границата, а сите четири копнени премини меѓу САД и Канада се затворени додека не се утврди причината за експлозијата.

Експлозијата била пријавена во средата попладне. Властите соопштија дека експлозијата дошла од автомобил кој се обидел да влезе во САД од Канада.

Експлозивот во тој момент бил во возилото, а двете лица кои биле во автомобилот се мртви, изјавија извори на Фокс њуз. Повреден е граничен службеник.

Американското Федерално биро за истраги предупреди дека ситуацијата не е стабилна, пренесува Sky News.

– Властите во американската сојузна држава Њујорк „внимателно го следат“ инцидентот на мостот Виножито во Нијагарините водопади, а државните агенции се на местото на настанот, изјави гувернерката на Њујорк Кејти Хук на социјалната мрежа X (Твитер).

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во паркот Јелоустоун се случи хидротермална експлозија, нема повредени

Повеќе од 100 пожарникари се борат со шумскиот пожар во Јута

САД: Ќе работиме со Северна Македонија и Грција да го одржaт Договорот од Преспа

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика за оружје во Арканзас

Во САД се пронајдени 200 деца кои се бараа како исчезнати

Горан Наумовски

Американските бази во Европа во состојба на готовност поради можни терористички напади