ВИДЕО: Експлозии во индискиот дел на Кашмир неколку часа по објавата за примрје

Од:

Силни експлозии се слушнаа низ градот Сринагар во индискиот дел на Кашмир само неколку часа откако беше прогласен прекин на огнот меѓу Индија и Пакистан.

„Што по ѓаволите штотуку се случи со прекинот на огнот? Експлозии се слушаат низ целиот Сринагар“, рече Омар Абдула, главниот министер на Џаму и Кашмир, во објава на платформата X.

Индискиот политичар Харш Сангави објави: „Неколку беспилотни летала се забележани во областа Куч. Сега ќе биде наметнато целосно затемнување. Ве молиме бидете безбедни, не паничете“.

Министерот за образование во пакистанскиот дел на Кашмир најави дека продолжуваат судирите долж де факто границата со Индија.

Соработник на Си-Ен-Ен објави серија експлозии вечерва по локално време, проследени со прекин на електричната енергија. Причината за експлозиите се уште не е јасна.

Би можело да ве интересира

Го претепаа до смрт поради гласини дека јаде говедско месо – владата во Индија го прекинува судењето

А1он

Најмалку деветмина загинаа, а 29 се повредени во експлозија во полициска станица во Индија

Германија сака да биде центар за производство на лекови

Страшна несреќа во Индија: Автобус се запали после сообраќајка, загинаа најмалку 25 лица

Судири на границата меѓу Авганистан и Пакистан

Пожар во болница, загинаа најмалку шест пациенти

Горан Наумовски