ВИДЕО: Експлозии на небо и земја во Израел, најавен е остар одговор кон Иран

Од:

Иран го нападна Израел со лансирање на стотина беспилотни летала, а судејќи според видеата од социјалните мрежи, некои цели беа погодени.

Иако се тврди дека се пресретнати речиси сите дронови, видео покажува мета погодена на израелска територија, за која се верува дека е израелската воздушна база Негев или област во близина.

Многу видеа покажуваат дека нешто погодува локации во Израел, но не е јасно дали се работи за ирански проектили кои ги погодиле целите или за остатоци од проектили кои претходно биле соборени од израелските воздухопловни сили.

Во секој случај, експлозии има на повеќе локации, а по улиците владее паника, што го потврдуваат и видео снимките.

Итната служба соопшти дека нејзините лекари ја лекуваат првата жртва на иранскиот напад врз Израел, 10-годишно девојче од бедуинскиот град Арад.

Се наведува дека момчето е во тешка состојба, но не е јасно дали е повредено од паѓање проектили или поради пресретнувачите кои ги уништувале проектилите.

Многу граѓани известуваат за експлозии, но во овој момент не е јасно дали станува збор за погодените цели или за звуците предизвикани од пресретнувањето и соборувањето на проектилите.

Израелскиот министер за одбрана Даниел Хагари изјави дека авионите на ИДФ се во воздух и дека граѓаните може да слушнат експлозии од паѓање фрагменти од уништени ирански ракети.

Јорданските авиони соборија десетици ирански беспилотни летала, изјавија за Ројтерс два регионални безбедносни извори. Беспилотните летала наводно биле пресретнати додека летале над северен и централен Јордан.

Сирените се огласуваат во многу градови низ Израел. „Тајмс оф Израел“ пишува дека се слушаат предупредувања за воздушни напади на југ, север, како и во Ерусалим.

Службата за итни случаи на Маген Дејвид Адом соопшти дека засега нема извештаи за повредени откако сирените се вклучиле низ целата земја. Израелските власти претходно го информирале населението дека во случај на сирени да отидат во најблиските скривници и таму да останат најмалку 10 минути.

Иран најави дека повторно ќе нападне доколку Израел возврати. Израелската војска веќе најави невиден и суров одговор кон Иран.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци