Руските сили синоќа го нападнаа Киев со беспилотни летала, ракети и проектили, а властите во главниот град нападот го опишаа како „исклучително интензивен“. Украинската армија утринава се пофали дека ги соборила сите лансирани ракети и беспилотни летала.
Јулија Тимошенко, која работи за хуманитарната организација, објави аудио снимка од звуците кои можеа да се слушнат во Киев.
„Мислам дека ова беше една од најгласните ноќи во Киев“, напиша таа на Твитер покрај видеото.