ВИДЕО: Џонсон го спореди Зеленски со Винстон Черчил

Од:

Борис Џонсон го спореди Володимир Зеленски со Сер Винстон Черчил. Британскиот премиер рече дека верува оти „духот на Черчил оди со Зеленски“ и е таму со него при секое исшушение низ кое минува, пренесува АП.

Џонсон направи споредба за време на церемонијата на Даунинг стрит каде на Зеленски, кој се појави преку видео врска, му беше врачена наградата за лидерство на Сер Винстон Черчил. На церемонијата присуствуваа членови на семејството Черчил и Меѓународното друштво Черчил.

„Исклучителна чест ми е што ја добив оваа награда за лидерство. Украина не остана сама по 24. февруари, ги имавме оние кои ни помогнаа, кои во најцрните времиња се сетија што е чест и кои не размислуваа да се откажат од борбата. Зборувам за тебе, Борис“, рече тој.

„Оваа награда е и ваша и таа е манифестација на нашето заедничко лидерство на Украинците, Британците и сите оние кои нема да ја дадат својата слобода на ниту еден тиранин“, заклучи тој.

Би можело да ве интересира

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ