Белгиското обвинителство потврди дека 13 лица загинаа, а 35 се ранети во терористичкиот напад што се случи утринава на меѓунардониот аеродромот во Брисел.
Пред двете експлозии, што се случиле една по друга, на терминалот за полетување на аеродромот „Завентем“ во Брисел, се слушнале истрели и повици на арапски јазик.
#BREAKING: Two loud explosions at #Zaventem airport in #Brussels pic.twitter.com/JFw9RGLjnh
— Anna Ahronheim (@AAhronheim) March 22, 2016
Засега е потврдено дека нападот, што се случи во 8 часот, бил изврешен од бомбаш-самоубиец.
По нападот на аеродромот „Завентем“, претпладнево се случи уште една експлозија во метро станицата Малбек во белгискиот главен град, во близина на зградата на Европската комисија и на Европскиот совет.
Белгиското Федерално јавно обвинителство во петокот покрена официјално обвинение против Салех Абдеслам за поврзаност со нападите во Париз во ноември минатата година.
Според белгиските медиуми, во обвинителниот акт Абдеслам се товари за „убиства од терористички мотиви“ и за „учество во терористичка група“, која ги извршила нападите во Париз на 13 ноември 2015 година.
За истите дела е обвинет и соработникот на Абдеслам, Монур Ахмед Алај познат како Амир Шукри.
Абдеслам и Алај беа упасен во четвртокот за време на акција на белгиската полиција во Брисел.