Два регионални авиони на американската компанија Делта ерлајнс се судрија со мала брзина додека се упатуваа кон пистата на аеродромот Ла Гвардија во Њујорк, како резултат на што стјуардесата се здоби со полесни повреди, а нема повредени меѓу патниците, објави авиокомпанијата.
Во соопштението се наведува дека во среда вечерта, летот 5155 на компанијата удри во трупот на авионот 5047, кој штотуку слета, за време на подготовките за полетување, објавува ABC News.
🚨🇺🇸 Two Delta planes smashed into each other while taxiing at LaGuardia, ripping the wing off one aircraft and leaving at least one person injured.
Authorities are now investigating how one of the busiest airports in America let this happen. pic.twitter.com/cgGukeYbAs
— TheCommonVoice (@MaxRumbleX) October 2, 2025
– Нивното десно крило ни го закачи носот и пилотската кабина, ветробранското стакло оштетено и… некои од нашите екрани – може да се слушне како пилотот вели на аудио-снимката од Контролата на летање.
Делта ерлајнс соопшти дека стјуардесата се здобила со полесни повреди и дека нема повредени патници.
Стјуардесата е однесена во блиската болница како мерка на претпазливост, според властите на аеродромот.
Властите на аеродромот, заедно со Федералната администрација за воздухопловство на САД и Националниот одбор за безбедност во сообраќајот, започнаа истрага за да ги утврдат причините за овој инцидент.