Се урна авион во Хрватска

Од:

Во местото Криви Пут во Хрватска се урна турски авион од типот „Ертрактор АТ-802“, кој го користат хрватските воздухопловни сили, објави порталот 24sata.hr.

Според првите информации, леталото исчезнало од радарот околу 17 часот во областа Лика, а спасувачките екипи веднаш биле испратени на терен.

Според хрватските медиуми, станува збор за турски авион кој летал на релацијата Загреб – Риека, а се сомнева дека несреќата се случила за време на тој лет.

Еден извор изјавил дека локацијата на несреќата е веќе приближно утврдена и дека екипите се обидуваат да се упатат кон местото на несреќата.

Полициската управа Лика-Сењ потврди дека во 17:10 часот добиле пријава за пад на авион во близина на Криви Пут.

Потврдата ја даде и извор од Цивилната заштита, кој изјави дека авионот бил забележан пред да исчезне од радарот.

Човекот кој го забележал авионот ги известил надлежните служби, по што на местото на настанот биле испратени полицијата, пожарникарите и припадниците на Цивилната заштита.

Поради тешкиот терен и лошите временски услови, потрагата по остатоците од авионот и екипажот е отежната.

Би можело да ве интересира

Пијан возач премина во спротивната лента – загина жена

А1он

Маскирани хрватски полицајци претепале мигранти на границата со БиХ, пет лица со скршеници

Нови оставки во хрватската психијатриска болница по смртта на 32-годишниот пациент Кристијан Периш

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

(ВИДЕО) Детали за несреќата во Хрватска: покрај двете жртви има и шестмина тешко повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се преврте српски автобус во Хрватска, двајца загинати

Катерина Ѓуровски