ВИДЕО: Дупка под куќа, „голтнала“ човек додека спиел

Од:

Дупка со пречник од 30 метри се отворила под куќа во американскиот град Брендон, на Флорида и го голтнала 36-годишниот Џеф Буш кој спиел на својот кревет.

Инцидентот се случил вчера, а полицијата и спасувачките екипи веруваат дека мажот загинал во несреќата.

Во куќата во моментот на отворањето на дупката која била длабока 15 метри, се наоѓале пет возрасни лица и едно дете.

Несреќниот Буш се обидел да го спаси неговиот брат Џереми, но не успеал. Џереми од ивицата на дупката го спасиле пожарникарите, бидејќи дупката почнала да се шири.

Се претпоставува дека дупката настанала по природен пат и дека ќе продолжи да се шири. Поради зголемената опасност полицијата ја евакуирала целата населба.

Експертите направија снимка на дупката со радар, бидејќи се наоѓа под куќата и е невозможно да ја видат и истражат.

Со помош на радари се обиделе да видат дали жртвата дава знаци на живот, но со оглед на времето кое поминало, претпоставуваат дека мажот најверојатно загинал.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска