ВИДЕО: Дронови ги затворија аеродромите во Копанхаген и во Осло

Од:

Најголемиот аеродром во Данска, Копенхаген, го прекина целиот сообраќај откако беа забележани дронови во областа, потврди полицијата.

По полноќ, аеродромот во Осло, главниот град на Норвешка, беше затворен од истата причина. Дронови беа забележани и над центарот на Осло. Двајца сингапурски државјани се уапсени и истрагата е во тек.

„Воздушниот простор над аеродромот во Осло е затворен поради нов извештај за дрон“, изјави Моника Фастинг, раководител на комуникациите на аеродромот во Осло, за VG.

Според FlightRadar, повеќе авиони кружеа над Осло и Гардермоен. Ова го потврди и Фастинг.

Аеродромот во Копенхаген беше повторно отворен околу 00:30 часот, откако беше затворен со часови. Во текот на вечерта беше пријавено големо полициско присуство во областа на аеродромот, познат и како Каструп. Полицијата им потврди на новинарите дека авионите не можеле да полетуваат или слетуваат поради беспилотни летала во областа.

Според FlightRadar, сообраќајот беше прекинат во 20:26 часот по локално време, а најмалку 15 летови беа пренасочени кон други аеродроми. Многу летови беа одложени.

Би можело да ве интересира

Трамп најавува брз договор меѓу САД, Данска и Гренланд за Арктикот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Данците владеат со европскиот и светскиот ракомет

Фредериксен: Данска нема да им ја отстапи територијата на Гренланд на САД

Данска маршира кон полуфинале на ЕП во ракомет – прескокната е и Шпанија

А1он

Фредериксен: НАТО нема мандат да преговара во име на Данска и Гренланд и за нашите односи

Горан Наумовски

Данската премиерка постави црвена линија: Гренланд не е на продажба