ВИДЕО: Дожд од ракети се истури врз Сирија, израелски авиони гаѓаа пратки со оружје од Иран

Од:

Ракети за кои сириските државни медиуми тврдат дека се израелски, паднале вечерва врз неколку цели во јужна Сирија и во близина на главниот град Дамаск.

Независни извештаи од регионалните медиуми наведуваат дека цели на нападот биле локации во близина на меѓународниот аеродром кај Дамаск, како и неколку воени објекти во сопственост на сириската армија и на проирански единици стационирани во регионот Кунејтра.

На Твитер веднаш по нападот беа објавени снимки на кои се гледа како дејствува противвоздушната одбрана, а пресретнувач на сириските противвоздушни сили лета ниско во обид да спречи удар од евентуална нова ракета. Сириските сили се опремени со противвоздушни системи Панцир и САМ, кои биле вклучени во денешните одбранбени дејствија, според извори од армијата.

Саудиската новинска агенција Ал-Арабија јави дека локации кои се под контрола на проиранската милитантна група Хезболах биле нападнати, а сирените за воздушна опасност можеле да се слушнат во неколку истражувачки центри во Дамаск.

Извор од сириската армија изјавил за државната агенција САНА дека противвоздушната одбрана успеала да пресретне поголем дел од истреланите ракети од израелска страна, а таму каде што стигнале до целта, предизвикана е само материјална штета.

Во текот на денот беше објавено дека два авиона со кои Иранската револуционерна гарда наводно пренесувала оружје од Иран во Сирија, биле забележани на пат од Техеран до Дамаск. Израелските ракетни напади врз цели во Сирија, за кои Тел Авив ретко презема одговорност, често се случуваат непосредно по слични летови од Иран, пишува „Џерусалем Пост“.

Ова е петти ракетен напад врз Сирија кој му се припишува на Израел во последниот месец.

Би можело да ве интересира

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан