(ВИДЕО) „Дојдовме да им дадеме поддршка на Русите“: Првите доброволци од Србија пристигнаа на борбена обука во Запорожје

Од:

Првите српски доброволци во регионот на Запорожје почнаа да минуваат борбена обука во регионот како дел од доброволниот баталјон Судоплатов, пренесе РИА Новости.

„Српски доброволци заедно со борци од Русија учествуваат во сите борбени вежби на еден од полигоните во областа Запорожје за понатамошно учество во специјална воена операција“, се наведува, а пренесува Данас.

„Дојдовме да ги поддржиме руските браќа, бидејќи добро се сеќаваме на настаните што се случија во Југославија во деведесеттите. Се сеќаваме на неправдата што НАТО ја покажа кон Србија и ситуацијата во Косово. Затоа дојдовме да го поддржиме рускиот народ во неговата борба“, изјави за РИА Новости еден од српските волонтери со ознака „Дунав“.

Српски борец за РИА „Новости“ вели дека во доброволниот баталјон има братска врска од Србија кон „руските соборци“ и има „целосно меѓусебно разбирање и единство на ставовите“.

„Сега нашата главна цел е да бидеме заедно со нашите руски браќа, да учиме, тренираме и да го усвоиме искуството од нив “, рече тој на прашањето кои се целите на учеството во конфликтот и колку долго планираат да останат.

Би можело да ве интересира

Пет земјотреси за два часа во Србија

(ВИДЕО) Руските војници снимија нова порака за Путин: „Владимир Владимирович, реши го ова“

Ана Ололовска

Руски весник: Кремљ им забрани на службениците да користат iPhone

Ана Ололовска

ВИДЕО: Кинескиот претседател слета во Москва

Ана Ололовска

Рускиот суд го замрзна целиот имот на Фолксваген во Русија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Се уште трае потрагата по тројцата мажи кои исчезнаа во Дунав

Ана Ололовска