ВИДЕО: Џиновска комета ита кон Марс

Од:

Кометата 2013 А1, која се движи неверојатно брзо, е насочена кон Марс. Доколку избегне судар со оваа планета, извесно е дека ќе предизвика метеорски дожд, кој ќе заврши на Земјата, предупредуваат од НАСА.

Иако веројатноста за судар е релативно мала, научниците предупредуваат дека дури и блиска средба на кометата би можела да биде важна, бидејќи Марс би можел да предизвика метеорски дожд.

– Постои мала, но не и занемарлива можност кометата 2013 А1 да удри во Марс, порача Дон Џеманс од НАСА, дополнувајќи дека според сегашните пресметки, веројатноста за такво нешто е 1:2000.

јадрото на кометата е со пречник меѓу еден и три километри, а се движи со брзина од 56 километри во секунда.

– Ако кометата удри во Марс, ќе ослободи енергија од околу 35 милиони мегатони ТНТ, вели Џеманс и потсетува дека астероидот кој ги „уби“ диносаурусите имал јачина од 100 милиони мегатони.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лансирана најголемата ракета во историјата: полета, па набрзо експлодира и потполно се распадна

Ана Ололовска

Научниците открија повторлив радио сигнал од планета со големина на Земјата