(ВИДЕО) Девојче почина во вжештена кола, заклучено било повеќе од 7 часа

Од:

Двегодишно девојче било пронајдено мртво на задното седиште во автомобил во Њу Џерси. Информациите се дека било заклучено во возилото повеќе од седум часа во екстремно топол ден.

Полицијата го пронашла девојчето во вторникот околу 14 часот, таа била во автомобил паркиран пред дом во округот Френклин. Полицајците ја отвориле вратата од автомобилот и внатре пронашле дете кое не давало знаци на живот, објави NBC.

Соседите рекле дека родителите најверојатно не знаеле дека девојчето е во возилото. Тие рекоа дека полицајците тропнале на влезната врата од домот откако го пронашле детето и потоа ги слушнале вресоците на родителите.

„Викаа и плачеа. Мајката падна на земја, а таткото ја тешеше. Тие се одлични родители. Видов дека многу ги сакаат своите ќерки” – рекол соседот.

Друг сосед рекол дека мајката на детето била однесена со брза помош откако паднала пред куќата.

Еден од соседите рекол дека не му е јасно како воопшто е можно да се случи ваков инцидент.

Би можело да ве интересира

Почина двегодишното дете од Кичево, уапсен таткото кој е осомничен дека го претепал

Орце Костов

Почина дете откако мина осум часа во врел автомобил

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Преку ноќ умираат и деца и возрасни – што е причината, може ли да се спречи