Почина двегодишното дете од Кичево, уапсен таткото кој е осомничен дека го претепал

Од:

По 22 дена борба за живот, на Клиниката во Скопје почина двегодишното дете од Кичево, кое беше претепано од својот татко.

Вчера во Кичево полицијата го уапси таткото на девојчето Ф.Д. (30) од Кичево.

-Тој се сомничи дека на 18.12.2023 година во семејниот дом во Кичево и нанел тешки телесни повреди на неговата двегодишна ќерка, која била пренесена за укажување лекарска помош во Општата болница во Кичево, а потоа во Клиничкиот центар во Скопје каде, на 08.01.2024 година, починала, информираат од СВР Охрид.

Во координација со јавен обвинител, против Ф.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Според информациите од полицијата, таткото на девојчето е приведен и осомничен дека на 18 декември и нанел тешки телесни повреди пред да биде хоспирализирана.

Би можело да ве интересира

Почина таткото на Тоше Проески

Орце Костов

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Грција бара екстрадиција на македонскиот државјанин осомничен за убиството на Халкидики

А1он

Триесетдневен притвор за таткото кој до смрт си ја претепа ќерката

(ВИДЕО) Преку ноќ умираат и деца и возрасни – што е причината, може ли да се спречи

Татко спречен да го придружува своето дете: Детска клиника дискриминира, вујна и баба можат оти се женски пол

Орце Костов