ВИДЕО: Дете падна во бунар во Авганистан, заглавено е на длабочина од 10 метри

Од:

Спасувачите во Авганистан се обидуваат да дојдат до деветгодишното момче кое веќе два дена е заробено во бунар во јужната провинција Забул.

Операцијата во селото следи по помалку од две недели по сличен обид за спасување на дете од бунар во Мароко, но за жал таа операција заврши без успех, така што момчето беше извадено од бунарот мртво.

Снимките кои се објавени на социјалните мрежи покажуваат момче кое е идентификувано како Хаидар, кое се заглавило во бунар.

Локалните официјални лица велат дека момчето е заробено на длабочина од околу 10 метри, низ окно од 25 метри. Според тамошните медиуми, момчето може да ги движи рацете и горниот дел од телото.

„Дали си добро сине мој? Зборувај со мене и не плачи, работиме на тоа да те извлечеме“, може да се слушне на снимката на која зборува неговиот татко.

„Во ред, ќе продолжам да зборувам“, одговара детето со тажен глас.

Видеото е снимено така што спасувачите спуштиле камера во бунарот со помош на јаже.

Би можело да ве интересира

Ахунџада: Мртва е демократијата во Авганистан

Секојдневен терор врз мајката од Скопје да и се земе четиригодишното дете, парите и врските појаки од правдата

Предраг Петровиќ

Мемеди: Во стабилна состојба e детето затруено со таблети

Горан Наумовски

Петгодишно дете испило таблети за спиење, итно е пренесено на Детската клиника во Скопје

Нападната база во Кабул: Има мртви

Мечка гонела момче во Македонски Брод, детето не е повредено