Петгодишно дете испило таблети за спиење, итно е пренесено на Детската клиника во Скопје

Од:

На Детското одделение во Општата болница со проширена дејност во Кочани синоќа било донесено петгодишно дете од делчевското село Тработивиште, за кое било пријавено дека проголтало неколку таблети.

Од кочанската Болница го потврдија случајот и информираа дека детето било донесено со медицинска придружба од Делчево, било во свесна и контактибилна здравствена состојба, но поради понатамошна контрола и превентива, дежурниот педијатар го препратил на Детската клиника во Скопје.

Според првичните сознанија, петгодишното дете проголтало таблети „золпиден“, кои се користат за регулирање на сонот кај возрасните, при што се употребува половина таблета.

Би можело да ве интересира

Одделите за имунологија и пулмологија на Детската клиника се времено фузирани заради недостигот на кадар во летниот период

Шест месеци чекаат плата: Вработени од Клиниката за детски болести на протест

Сопатник на мотор по улица влечеше 12-годишно дете

Горан Наумовски

Д-р Мицевска: Околу 20 деца со грип хоспитализирани на Детската клиника

Сиљановска Давкова ги посети децата на детските клиники во Скопје

Мастербет донираше близу 400 новогодишни пакетчиња за хуманитарните активности на Црвениот крст