(ВИДЕО) Десетици жртви во пожар во зграда во Виетнам: дете фрлено од прозорец за да се спаси

Од:

Десетици луѓе загинаа во пожар во станбена зграда во виетнамската престолнина Ханој, објавија државните медиуми, а очевидци велат дека слушнале повици за помош и дека мало дете било исфрлено од зградата.

Пожарот избувнал вчера нешто пред полноќ на паркингот на десеткатницата, во простор преполн со мотори на станарите, велат очевидци.

„Властите спасија околу 70 луѓе, префрлија 54 лица во болница, меѓу кои и десетици мртви“, објави официјалната виетнамска новинска агенција. „Ова е многу сериозен пожар“, се вели во соопштението.

Пожарникарите утрово го изгаснале пожарот, а спасувачите тешко влегувале во зградата која се наоѓа во тесна уличка во станбена населба во југозападниот дел на градот.

Малите балкони се опкружени со железна ограда, а зградата има само еден излез и нема скала за итен излез однадвор.

Во комплексот живееле околу 150 луѓе, соопштија властите. „Слушнав многу повици за помош. Не можевме многу да им помогнеме“, изјави за АФП на местото на настанот една жена која рече дека се вика Хоа и живее во близина на зградата.

„Зградата е толку затворена и без рута за евакуација, невозможно е жртвите да излезат“, додаде таа. Друг сведок, Хуонг, рече дека мало дете било фрлено од висок кат за да избега од пламенот.

„Одев да спијам кога нешто почувствував. Излегов и видов пожар“, изјави сведокот. “Мало момче беше фрлено од висок кат, не знам дали преживеа или не иако луѓето користеа душек за да го фатат”, опишала таа.

Вицепремиерот Тран Луу Куанг утрово го посети местото на настанот, објавија државните медиуми.

Виетнам во последниве години се соочи со неколку смртоносни пожари, кои често избувнуваат во забавни места како што се популарните караоке барови.

Во пожар во караоке бар на три ката во трговскиот центар на градот Хо Ши Мин минатата година загинаа 32 лица. Во тој пожар се повредени 17 лица, а сопственикот е уапсен под обвинение дека ги прекршил прописите за заштита од пожари.

По трагедијата, премиерот наредил проверка на сите високоризични локации. Тринаесет лица загинаа во 2018 година откако се запали станбен комплекс, исто така во градот Хо Ши Мин. Уште 13 лица загинаа во 2016 година во караоке бар во Ханој по пожар.

Југоисточна Азија често се соочува со смртоносни шумски пожари кои започнуваат случајно, како резултат на слабите безбедносни стандарди.

Би можело да ве интересира

Најмалку 24 лица загинаа во поплавите во Виетнам

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Најмалку осум лица загинаа, а 187 се повредени во налетот на супертајфунот Јаги во Виетнам

ВИДЕО: Во Виетнам има човек кој не спиел од 1962 година

Предраг Петровиќ

Најмалку 14 лица загинаа во пожар во станбена зграда во Ханој

Виетнам има нов претседател

Ана Ололовска