ВИДЕО: Десетици уапсени на протест во Париз, полицијата употреби солзавец и водени топови

Од:

Полицијата уапси 33 лица по синоќешните демонстрации, што заврши со судири во близина на Националното собрание, против контроверзниот Закон за сеопфатна безбедност, соопшти попладнево префектурата на Париз.

Во судирите полесно се повредени деветмина полицајци. Полицијата употреби водени топови и солзавец за да ги растера стотината лица, меѓу кои имаше многу млади кои кршеа јавен инвентар.

Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманан го осуди „неприфатливото насилство“.

Стотици луѓе се собраа вчеравечер на повикот, особено од новинарските синдикати и здруженијата за човекови права, да протестираат против предложениот закон за „сеопфатна безбедност“ за кој сметаат дека ќе ги спречи новинарите и граѓаните да ја снимаат полицијата за време на демонстрациите.

Нивната критика е насочена кон членот 24 од овој предлог-закон што го предлага владеачката „Република во марш“ и нејзиниот сојузник „Ажир“, чие разгледување почна вчера. Со овој член предвидени се казни до една година затвор и парична казна од 45.000 евра за ширење на „сликата на лицето или кој било друг елемент за идентификација“ на полицаец или жандарм во интервенција, кога има со цел „поткопување на неговиот физички или ментален интегритет“.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Граѓански протест во Скопје: Улиците не се безбедни, кој е следен?

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина