ВИДЕО: Десет загинати во пожарот во Лион, меѓу кои пет деца

Од:

Десет лица загинаа, меѓу кои пет деца, во пожар што избувна рано утринава во близина на Лион, Франција, јавува Ројтерс.

Засега не се познати причините за пожарот кој го изгаснале околу 170 пожарникари со 65 возила.

Пожарот избувнал околу 3 часот по полноќ. Покрај 10 загинати, четворица се тешко повредени, а десет минале со полесни повреди.

Според Дејвид Анотел, член на Федерацијата на француските пожарникари, пожарот започнал во приземјето на зградата. Потоа огнот се проширил нагоре.

– Станува збор за зграда составена од подрум и седум ката. Три ката беа во пламен – рече Анотел.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата