(ВИДЕО) Демонстранти повторно го напднаа Макрон: Дај си оставка

Од:

Демонстранти го пречекаа францускиот претседател Емануел Макрон со свирежи и го повикаа да поднесе оставка на првата средба на претседателот со демонстрантите откако тој го потпиша непопуларниот закон за зголемување на старосната граница за пензионирање.

Пред фабриката што ја посети денеска во источниот регион Алзас, Макрон беше пречекан со непријателски транспаренти и тропање на тенџериња. Синдикалните работници накратко ја исклучија струјата во фабриката.

Додека шеташе меѓу луѓето во блиското село, многумина скандираа „Макрон, оставка!“, еден човек му рече: „Не ја сакаме оваа пензиска реформа, што не разбираш?“.

Друг го обвини за водење корумпирана влада и рече: „Наскоро ќе паднеш. Само почекај и ќе видиш“. Но, некои го поздравија. „Издржи“, му вели еден маж, додека една жена му се заблагодарила за работата, а други побараа селфи.

Сепак, дури и во областа што го фаворизира и гласаше повисоко од просекот за него на претседателските избори во 2022 година, тој беше пречекан главно негативно.

Викендов Макрон го потпиша законот за зголемување на старосната граница за пензионирање, според кој граѓаните наместо до досегашните 62, за да добијат пензија мора да работат до 64 години.

Поради ова веќе три месеци траат протести на кои учествуваат огромен број луѓе. Според анкетите, огромното мнозинство Французи се против реформата.

Во селото Селестат, центристичкиот претседател рече дека го разбира изразот на незадоволство, но дека „земјата мора да оди напред“.

Претходно при посетата на фабриката рече дека не е можно да се слушаат само оние кои се „најгласни“ и ги истакна позитивните аспекти на француското трудово законодавство.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Макрон: Мораме трајно да се подготвиме за геополитички и геостратешки промени

Макрон повика на забрзана транзиција кон „воена економија“ и помош за Украина

Горан Наумовски

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Србија добива најнови „рафали“, но и Луј Витон и летачко такси доаѓаат во Белград

Предраг Петровиќ