Малата островска држава Тонга во Тихиот Океан е опустошена од тропскиот циклон Гита, кој ги погодил островите минатата ноќ.
Според медиумите во Нов Зеланд, циклонот бил од четврта категорија, а налетите на ветрот во епицентарот достигнувале брзина од 54 метри во секунда, или над 200 километри на час.
Damage following #TCGita #Tonga @NewshubNZ pic.twitter.com/RgXGGW2qjF
— Michael Morrah (@MichaelMorrah) February 12, 2018
Околу 70 отсто од домовите и објектите во Нуку’Алофа – главниот град на Кралството Тонга, се целосно или делумно урнати. На повеќето места по островите нема струја. Паднати се многу дрва и електрични столбови.