ВИДЕО: Човекот кој ги поместува границите: По Белград во Загреб

Од:

Големиот наратор Ник Вујичиќ по неговата дводневна посета на Србија, вчера пристигна во Загреб.

За него велат дека е човек кој ги поместува границите. Низ целиот свет е познат како еден од најдобрите мотиватори чии зборови ги промениле животите на милиони луѓе низ целиот свет.

Роден е на 4. декември 1982 година во Мелбурн. Неговата мајка за време на бременоста не знаела дека има било какво проблеми со детето, па со својот сопруг се шокирале кога дознале дека Ник се родил без раце и нозе. Тогаш тие не ни можеле да замислат дека нивниот син ќе инспирира милиони луѓе.

Во детството се соочувал со многу проблеми, често се чувствувал лошо зошто го немал она што другите деца го имаат, а еден период паднал во длабока депресија. На неговите родители им велел дека е нормален како и другите деца, само му фалеле некои делови. Неговата специфична состојба била причината поголем дел од своето детство да го помине во институции.

Како што минувале годините, Ник научил како да се справи со своите „пречки“ и полека можел сам да ги прави некои од секојдневните работи како четкање на забите, пишување на компјутер и така натаму.

Тој сега плива, игра голф, вози скејтборд. Завршил два факултета. Основал фирма. Сфатил дека неговиот пример може да им помогне на другите.

На 19 години започнал да одржува мотивациони семинари преку кои допрел до луѓето и им порачувал како да се соочат со тешкотиите во животот.

Тој денес дури прави и шеги на своја сметка, велејќи дека животот е многу повеќе од она што се гледа со голо око.

Хрватски „Дневник“ во својот прилог направен при неговата претходна посета на Балканот, ја спомена и неговата свадба, односно го прашаа дали е заљубен. Тој им призна дека е заљубен во Господ, но дека има намера да се ожени еден ден. Иако навидум срамежливо поцрвене кога зборуваше на оваа тема, тој сепак го направи тоа, се ожени, а Хрватите – новинари не му отидоа на свадба.

По Загреб, Ник во понеделник ќе ја посети Ријека.

Би можело да ве интересира

Светот во 2022: Жени, живот, слобода

Горан Наумовски

Жител на Тработивиште бара работа и помош да обезбеди пари за лекување на сопругата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Маж ми е инвалид со мозочен удар, извршителот ни ги зема парите што ни се за лекови

Габриела Димковиќ-Мишевска

Студија: Емоционалниот живот кај младите во земјава на многу ниско ниво

ВИДЕО: Жителите на Долно Количани во буриња носат вода за пиење од соседните села

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Жителите на Јака: „Елитната населба“ е целата во кал, во потполн мрак, без јавен превоз

Ана Ололовска